Одберете дело за вашиот дом, работен простор или совршен подарок.
Одберете дело за вашиот дом, работен простор
или совршен подарок.
Кристијан Јованоски

Роден 1995 година во Прилеп.
Во 2018 дипломира на Факултетот за ликовни уметности – Скопје при Универзитетот
„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, оддел Сликарство во класата на проф. м-р Жанета Вангели.
Од 2020 година член е на Друштвото на ликовните уметници на Македонија.

Самостојни изложби:

2020 - „Ротации“, Ликовна галерија, Прилеп, Р. Македонија

Селектирани групни изложби:

2020 - „Изложба на новата млада генерација“, Уметнички центар Art Hub, Скопје;
2019 – “Портали 2019“ Групна изложба - CreArt. Network of Cities for Artistic Creations, Музеј на град Скопје; 
2018 – “Art 52nd Street“: International Young Artists, Gallery MC, Њујорк, САД;
2018 - Годишна изложба на ДЛУП (Друштво на ликовни
             уметници на Прилеп), НУЦК Марко Цепенков, Прилеп;
2018 - Тема: „Не!“, Музеј на Македонија, Скопје, Македонија;
2018 - „Четири мајстори на модернизмот“ групна изложба, Галерија на Факултетот за
             ликовни уметности, Скопје;
2017 – SIAB VIII Student International Art Biennial, Галерија на Факултетот за ликовни уметности, Скопје;
2017 - „Скомрахи“, Факултет за драмски уметности, Скопје, Македонија;
2015 – Multum in parvo, Art Studio Skopje, Скопје

Во 2017 учествува во перформансот „Настанување со музејот“ на рускиот уметнички колектив „Что Делать“
(Санкт Петербург), проект во рамките на  фестивалот КРИК- фестивал за критичка култура,
Музеј на современата уметност, Скопје;
Од 2018 до 2019  соработник е во првиот македонски дневен весник
„Нова Македонија“, се јавува како илустратор во единствениот прилог за деца во
дневниот печат „Колибри“.

Се согласувам да ми испраќате новости и дела од авторите, и персонализирани совети за наоѓање уметност
или подарокот кој сакам да го купам од Frida.mk
Ви благодариме