Одберете дело за вашиот дом, работен простор или совршен подарок.
Одберете дело за вашиот дом, работен простор
или совршен подарок.
Што е Frida.mk?

Frida.mk е прва уметничка е-галерија во Македонија каде може да купите дело или дизајн од македонски автори и со тоа директно да им помогнете на ранливите категории граѓани во општеството.

Оваа галерија е виртуелен простор на кој домашните уметници и автори може да ги понудат на продажба своите дела, а љубителите на уметноста да го одберат омиленото уметничко дело за својот дом или работен простор. Frida.mk функционира како совршен спој на убавото и корисното.

На frida.mk ќе ги запознаете авторите и нивното творештво. Виртуелно ќе ве однесеме во светот на уметноста. Видео изложби, ликовни критики, интервуја се само дел од содржините што ќе ги понудиме.

Заедно со вас ќе градиме простор каде уметноста ќе нè води низ сите развојни процеси.

Во нашата е-галерија нудиме на продажба уметнички дела, плакати, дизајни, персонализирани и бизнис подароци, книги, монографии, литература за деца и многу други дела кои ќе ве внесат во светот на креативноста и уметноста. Идејата е да им помогнеме на уметниците и креативците да добијат нов и едноставен канал за продажба на своите дела.

Дополнително, проектот има и општествено одговорна димензија. Дел од средствата од секоја продажба ќе бидат наменети за фондот за помош на ранливите категории граѓани. Сите извршени донации ќе бидат транспарентно објавени на нашата веб страна.

Веруваме дека нашата идеја ќе ја поддржи квалитетната уметност, а во исто време сите заедно ќе придонесеме да им помогнеме на оние на кои тоа им е најпотребно.

Купувај уметност – подари хуманост!


Достапност на уметнички дела

Погледнете нови уметнички дела одобрени од куратори, со персонализирани препораки.

Поддржете го уметникот во развој и помогнете им на социјално ранливите категории.

Ние ги цениме талентираните уметници кои ги претставуваме и со поддршката на продажбата на нивните дела ги поттикнуваме да творат, на тој начин зголемувајќи го уметничкиот капитал на македонската уметност.

Купувајте со доверба! Ако не сте сигурни во вашиот избор, ние ќе ви помогнеме да го најдете уметничкото дело кое совршено ќе одговара за пригодата за кој го купувате.

Се согласувам да ми испраќате новости и дела од авторите, и персонализирани совети за наоѓање уметност
или подарокот кој сакам да го купам од Frida.mk
Ви благодариме