×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Свежина и стил, директно до вашиот дом

FRIDA е твојот секојдневен асистент кога станува збор за внимание кон оние кои најмногу ти значат, дали за родендени, прослави, но и за оние мали, но значајни моменти за тебе и твоите најблиски. Секој детал е важен, а ние сме тука да ти помогнеме да создадеш совршено искуство, без стрес и грижи.

Нашата експертиза се огледа во уникатните рачни изработки што ги нудиме – од внимателно искомбинирани цвеќиња, вазни и рачно изработени декорации, до ексклузивно везени украсни перници или завеси кои внесуваат стил и топлина во секој дом. Секоја селекција на FRIDA е направена со љубов и внимание, за да го збогати твојот живот со убавина и естетика.

Ние веруваме дека секој момент заслужува да биде посебен, и затоа FRIDA е тука за да го направи твоето секојдневие покреативно, повпечатливо и полесно, со беспрекорен вкус и внимание на деталите.


КУПУВАЊЕТО
Е ПОДОБРО

Сакаме да го промениме значењето на зборот „купување“ – од обична навика, во доживување што инспирира.

Кај нас, секој избор е повеќе од производ. Тоа е чувство. Приказна. Момент што се памети.
Создаваме простор каде што убавината живее во секој детаљ, а вниманието што го подаруваш – или го носиш дома – е најважно.



МОЖЕШ ДА
НИ ВЕРУВАШ

Во Фрида секој производ е внимателно одбран – со љубов, почит кон природата и внимание кон секој детал.

Нашата инспирација доаѓа од природниот свет – од неговата едноставна убавина, текстура, боја и мирис. Без компромиси, создаваме избор што носи чувство, топлина и автентичност.

Веруваме во одржливи вредности, квалитет и искрен пристап. Затоа секоја твоја посета кај нас е момент на вкус, грижа и убавина.



СЕКОГАШ СО ЉУБОВ

Кај нас сè што ќе одбереш – било да е цветен аранжман или детал за домот – доаѓа внимателно подготвено, со почит кон материјалите и со чувство за убавина.

Посветени сме на квалитет и свежина, и се грижиме секој производ да пристигне до тебе во совршена состојба – подготвен да внесе топлина, стил и радост во просторот.

Со сигурна и брза достава и современи методи на пакување, гарантираме дека убавината што ја избираш – ќе те допре баш така како што си ја замислил.



ВО НАЈКРАТОК
МОЖЕН РОК

Нашиот модерен и ефикасен онлајн систем за нарачки, заедно со брзата логистика, овозможува свежи и квалитетни производи да пристигнат до тебе за помалку од 24 часа.

Од уникатни цветни аранжмани до детали што го разубавуваат твојот простор – сè што ти треба, со само неколку клика.

Истражете ја нашата понуда и пробајте повеќе од 1000 производи, кои ги избравме само за вас >

НЕМА ПОТРЕБА ДА ЧЕКАТЕ,
ВО FRIDA СТЕ СЕКОГАШ ПРВИ НА РЕД.

Frida Special

Зимска магија од Frida

Букети и зелени пријатели во саксија, одбрани да внесат топлина во студените зимски денови

Истражи ја понудата