Одберете дело за вашиот дом, работен простор или совршен подарок.
Одберете дело за вашиот дом, работен простор
или совршен подарок.
Трајче Павлов

Дипломиран Графичар при Факултет за Ликовни Уметности Скопје. Автор и учесник во повеќе од 23 Самостојни и Групни изложби во земјата и странство. Внук на Ристо Соколов - Сокол, Кавадаречки Ликовен Уметник кој ми ја вдахна пасијата за цртежот и уметноста. Иако во последните 5 години работам Дигитално, се трудам да не заостанам во мојот традиционален пристап и израз што мислам дека е препознатлив кај поголемиот дел од луѓето што се симпатизери на илустрација и цртеж. Не се граничам во техника, медиуми и комбинирање на истите. Сакам да експериментирам и да учам нови принципи и дисциплини. Посебно од кога се запознав со 3D софтверите, благодарение на колегите од VideoHouseAnimation кои најнесебично споделија од нивното знаење. Дигиталниот свет ми ја смени палетата со која обично работев " Почнав да гледам во боја "
Работам како Lead Artist во Sindex Gaming Studios. Сочинето од мал тим кој работи на SciGirl: The Internship, 2D акционо-авантуристичка платформер игра. Во месец Септември учествувавме на Gamescom, најголемиот саем за видео игри, како први претставници од Македонија, каде го промовиравме демото на SciGirl.

Се согласувам да ми испраќате новости и дела од авторите, и персонализирани совети за наоѓање уметност
или подарокот кој сакам да го купам од Frida.mk
Ви благодариме