Одберете дело за вашиот дом, работен простор или совршен подарок.
Одберете дело за вашиот дом, работен простор
или совршен подарок.
Филип Фидановски

Филип Фидановски е роден во Скопје на 1977 година. Дипломирал во 2002 година на одделот за керамика и магистрира во 2006 година на Националната уметничка академија во Софија, Бугарија. Во периодот од 2003 до 2008 година работел како доцент на Факултетот за ликовни уметности при универзитетот св. Кирил и Методија во Скопје. Од 2008 година е професор во Државното средно училиште за ликовни уметности и дизајн „Лазар Личеноски“ во Скопје. Од 1995 до 2015 година учествувал на 43 групни изложби во Македонија, Србија, Бугарија, Хрватска, Чешка, Белгија, Египет.

Учествувал на голем број уметнички симпозиуми во Македонија и странство, добитник е на неколку награди и има организирано повеќе самостојни изложби. Од март 2019 е избран за претседател на Друштвото на ликовни уметници на Македонија.

Се согласувам да ми испраќате новости и дела од авторите, и персонализирани совети за наоѓање уметност
или подарокот кој сакам да го купам од Frida.mk
Ви благодариме