Одберете дело за вашиот дом, работен простор или совршен подарок.
Одберете дело за вашиот дом, работен простор
или совршен подарок.
Шќипе Мехмети

Родена 1981 година, во Кичево. Во 2004 година дипломира на Факултет за
ликовни уметности во Скопје на педагошки оддел со сликарство. Во 2007 година заврши
постдипломски студии на графика на истиот факултет.

Од 2000 година учествуваше на повеќе од
150 групни изложби во Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора, Хрватска, Бугарија, Романија,
Полска, Германија, Хрватска, Италија, Шпанија, Турција, Египет, Чешка, Литванија и Франција.
Има 25 самостојни изложби во Кичево, Кавадарци, Велес, Скопје, Софија, Париз, Берлин, Нирнберг,
Њујорк, Приштина, Висби,Истанбул и Бурса.

Од 2005 година е член на ДЛУМ (Здружение на ликовни уметници на Северна Македонија).
Од 2010 година е член на Друштвото на уметници „Широка стаза“ Земун, Србија и од 2019 година
член на ИКОМ-Македонија (Меѓународен совет на музеи). Таа работи во Националната галерија
на Северна Македонија како конзерватор.

Се согласувам да ми испраќате новости и дела од авторите, и персонализирани совети за наоѓање уметност
или подарокот кој сакам да го купам од Frida.mk
Ви благодариме