Одберете дело за вашиот дом, работен простор или совршен подарок.
Одберете дело за вашиот дом, работен простор
или совршен подарок.
Kатегории
Културната дипломатија на СФРЈ и културните дипломатии на државите-наследнички
д-р Васко Шутаров
850 ден.
Со секоја купена книга добивате подарок.
Додади во кошничка
Цените се со вклучен ДДВ
Безбедно спакувана
Опис

Книгата "Културната дипломатија на СФРЈ и културните дипломатии на државите-наследнички" од д-р Васко Шутаров е ретко, ако не и единствено дело и во еропски рамки, каде и низ научна призма се третираат културолошките причини за распадот на поранешната југословенска федерација и културолошките претпоставки за создавањето на новите држави, наследнички на поранешната сојузна држава. Пресекот на културните и уметнички правци во светот и нивната рефлексија во југословенското општество, карактеристиките на културната дипломатија на поранешна Југославија, пошироките општествени процеси низ кои се одвивале центрифугалните и центрипетални процеси во културите, како и културната комуникација преку културните диломатии на современите држави-наследнички на поранешна Југославија, се централни теми на ова капитално истражување во кое културата е централна тема на интерес.

Д-р Васко Шутаров е познат и препознатлив автор во научната јавност преку своите научни истражувања од културната дипломатија, а со оглед на малубројните дела од регионот кои се занимаваат со оваа понова научна област, неговите дела се цитирани во научни трудови и надвор од нашата држава.

Д-р Васко Шутаров е поранешен пратеник и дипломат, директор на македонскиот Културно-информативен Центар во Софија, во периодот од 2011-2017 година.

Се согласувам да ми испраќате новости и дела од авторите, и персонализирани совети за наоѓање уметност
или подарокот кој сакам да го купам од Frida.mk
Ви благодариме