×

Shporta

Shporta juaj është bosh.




Компанијата е основана во 1968 година, од страна на браќата Франческо и Марио Д'Амико.

Д & Д Италија е една од водечките компании во Италија специјализирана за производство на конзервирана храна.

Најпрво тие се занимавале со производство на специјалитетот “Аншои од брегот Амалфи“, но во раните 70-ти години тие почнале да се развиваат и на пазарот на зеленчук, печурки и маслинки.

Денес нивната основна дејност опфаќа: зачини, кисели краставички, маслинки, зачини за ориз, готови сосови, песта и кремови, мешунки и житарки; конвенционални и органски.

D'Amico е препознатлив по високите стандарди за квалитет во процесите и услугите во производството, што се спроведува во модерните погони на Понтекањано Фајано и Роверото, исто така и по внимателниот избор на суровини, постојаната потрага по нови производи и иновативни методи на обработка, технолошки напредни системи за производство, помош и посветеност на клиентите.

Производите на D’Amico се извезуваат во: Европа, Канада, Русија, Обединетите Арапски Емирати, Мексико, Австралија и Кина.

D'Amico, синоним на италијанска гаранција, во светот.

ЛЕТНИ ПОПУСТИ ВО ДОМАТО

Најголем избор на уникатно избрани модели

Промоции