Во срцето на Фриули, VOLPEPASINI е со сигурност една од најстарите винарии во североисточна Италија. Првите податоци кои го документираат почетокот на оваа винарија, датираат од XVIII век. Некаде во ‘70тите години, заедно со неколку други “пионир производители“, VOLPEPASINI ја насочи својата енергија кон пронаоѓање на квалитет на совршенство. Кратко потоа излегува на странскиот пазар, за во моментов да продава 50% од своето производство во странство.
Мисијата на VOLPEPASINI подразбира оригиналност (која се должи на тоа што овие вина потекнуваат од единствена и ексклузивна територија), долгорајност и пријатност. Виновата лоза, која има способност како ниедно друго растение, да ја пренесе самата душа на земјата врз плодот, успева да даде оригинален и различен производ од оној што може да се добие во било кој друг дел од светот. Ова е самата суштина на лозата и главната причина за постоењето на љубителите на вино, единствен феномен според големината и интензитетот во целата палета на исхрана. За да се постигне оригиналноста, не смее да се игнорира тоа дека човекот треба да го сработи својот дел, односно да се грижи и да го штити она што природата е во состојба да го даде. Тоа е VOLPEPASINI.
Faqja e internetit përdor cookie për t'ju ofruar përvojën më të mirë të mundshme të përdoruesit. Duke vazhduar të përdorni faqen tonë të internetit, ju pranoni përdorimin e cookies. Lexo më shumë
jam dakord* Сите содржини и фотографии се заштитени по закон за авторски и сродни права. Не е дозволено превземање во целост или делови без одобрение од Фрида.мк
Анаис Дизајн ДООЕЛ Скопје © 2026 Сите права се задржани. | Даночен број: 4057020553002 Developed by GSM Media