Ние претендираме нашите производи да се сертифицирани како органски, но и како производи со строго контролирано географско потекло. Поради тоа имаме сопствено прозводство на суровина и свои кооперанти. Насадите се влезени во постапка за органска сертификација. Калинката е органски производ, кој не се третира ниту со пестициди, хербициди, инсектициди, ниту со други хемиски средства.
Нашите производи се без конзерванси, без додадени шеќери, бои и адитиви, произведени по пат на чисти природни процеси на производство зачинети со многу љубов.
Сместени сме во југоисточниот агол на прекрасната македонска земја, во Валандово – органската бавча на Балканот, каде што симбиозата на медитеранот и континентот навистина се потрудиле да го дадат најдоброто од себе, раскажува Ристе Гошевски.
Faqja e internetit përdor cookie për t'ju ofruar përvojën më të mirë të mundshme të përdoruesit. Duke vazhduar të përdorni faqen tonë të internetit, ju pranoni përdorimin e cookies. Lexo më shumë
jam dakord* Сите содржини и фотографии се заштитени по закон за авторски и сродни права. Не е дозволено превземање во целост или делови без одобрение од Фрида.мк
Анаис Дизајн ДООЕЛ Скопје © 2026 Сите права се задржани. | Даночен број: 4057020553002 Developed by GSM Media