Раѓање на освежувањето
Производот, кој на светот му го подари најпрепознатливиот вкус, е роден во Атланта на 8 мај 1886 година. Д-р Џон С. Пембертон е локалниот аптекар кој направил сируп за Coca‑Cola и понудил бокал од новиот производ во аптеката Jacob’s.
По дегустацијата, производот е оценет како „одличен“ и пуштен во продажба на точење по цена од 5 центи за чаша. Со комбинирање на новиот сируп и газирана вода добиен е пијалак којшто истовремено бил „вкусен и освежувачки“ мисла која до ден денес одекнува секојпат кога уживаме во Coca Cola пијалак.
Сметајќи дека „две С одлично ќе изгледаат на реклама“ партнерот и книговодител на д-р Пембертон, Френк М. Робинсон го предложил и испишал со својот уникатен ракопис, денес добро познатиот заштитен знак „Coca‑Cola“.
Набрзо потоа во весникот The Atlanta Journal се појавила првата реклама во која жедните граѓани се повикуваат да го пробаат „новиот популарен пијалак на точење“. Во текот на првата година, во просек, се продавале скромни 9 пијалаци дневно.
Faqja e internetit përdor cookie për t'ju ofruar përvojën më të mirë të mundshme të përdoruesit. Duke vazhduar të përdorni faqen tonë të internetit, ju pranoni përdorimin e cookies. Lexo më shumë
jam dakord* Сите содржини и фотографии се заштитени по закон за авторски и сродни права. Не е дозволено превземање во целост или делови без одобрение од Фрида.мк
Анаис Дизајн ДООЕЛ Скопје © 2026 Сите права се задржани. | Даночен број: 4057020553002 Developed by GSM Media