Пчеларската фарма за органско производство на мед ШУ-МИ ДОО Берово е продолжение на над 100 годишната традиција на пчеларење на фамилијата Шуперлиски.
Со комбинацијата на новите технологии искуството и традиционалното пчеларење, произведуваме мед и пчелни производи кои со својот квалитет ги задоволуваат и најстрогите европски стандарди и е резултат на повеќе фактори меѓу кои
1.Локација: нашите пчеларници се лоцирани длабоко во недопрените предели на Малешевските Планини и се оддалечени над 20км. од најблискиот асфалтен пат или населено место пристапно само со теренско возило.
2. Стандарди на пчеларење и производство: нашите производи се произведени во согласност со “Органските стандарди за производство” што подразбира почитување на моралните и етичките димензии во производството од еколошки, социјален и економски аспект.
Резултат од ваквиот начин на производство е производ со извонреден квалитет кој е 100% природен и во постоечката меѓународна класификација на медови е во категоријата на медови со највисок светски квалитет за кој целосно гарантираме.
Faqja e internetit përdor cookie për t'ju ofruar përvojën më të mirë të mundshme të përdoruesit. Duke vazhduar të përdorni faqen tonë të internetit, ju pranoni përdorimin e cookies. Lexo më shumë
jam dakord* Сите содржини и фотографии се заштитени по закон за авторски и сродни права. Не е дозволено превземање во целост или делови без одобрение од Фрида.мк
Анаис Дизајн ДООЕЛ Скопје © 2026 Сите права се задржани. | Даночен број: 4057020553002 Developed by GSM Media