Molino De Ferro е семејна компанија чија приказна започнала далечната 1926 год., од древна камена мелница на бреговите на Брентел, потопена во зеленилото на венецијанската села, во која Џузепе Марконато започнува да произведува многу убаво и вкусно брашно, избирајќи ја најдобрата пченка во областа. Неговиот син Луиџи виде потенцијал во тоа и го создаде планот на компанија, искористувајќи го драгоцено искуство и наследство на знаење започнувајќи од внимателно избрана пченка, лупењето, деликатното мелење, до беспрекорната контрола на квалитет во сите фази од производството.
Molino di Ferro денес е една од ретките италијански прехрамбени индустрии на тестенини без глутен, кои целосно ја обработуваат пченката за своите производи.
Од производството на вкусното пченкарно брашно, кон крајот на 90-тите се роди првата пченкарна паста Molino di Ferro, која направи револуција во потрошувачката на тестенини. Од 2010 компанијата го збогатува својот асортиман со бисквити , њоки, тортелини и многу други деликатеси.
Посебно избрана суровина и уникатниот вкус поврзан со длабоката венецијанска традиција се основното мото на Molino De Ferro.
Faqja e internetit përdor cookie për t'ju ofruar përvojën më të mirë të mundshme të përdoruesit. Duke vazhduar të përdorni faqen tonë të internetit, ju pranoni përdorimin e cookies. Lexo më shumë
jam dakord* Сите содржини и фотографии се заштитени по закон за авторски и сродни права. Не е дозволено превземање во целост или делови без одобрение од Фрида.мк
Анаис Дизајн ДООЕЛ Скопје © 2026 Сите права се задржани. | Даночен број: 4057020553002 Developed by GSM Media