Винарија Ерос е мала бутик винарија, која се наоѓа во селото Марена, во близина на Кавадарци. Со својата местоположба која соодветствува на Напа регионот во Калифорнија од оваа винарија излегуваат квалитетни вина, создадени на природен начин. Луѓето во винаријата Ерос работат со голема посветеност и голема љубов, па затоа и самото име на винаријата потекнува од старогрчкиот бог на љубовта и страста Ерос.
Капацитетот на оваа винарија е 12.000 литри висококвалитетно вино. Овие 12 илјади литри се распоредени во 8 различни етикети, односно типови на вино. Виното во Ерос се прави од сопствени лозови насади, одгледувани на природен начин, без примена на амплотехнички операции. За да се уверите во квалитетот на винатa од Ерос, отворете едно шише и кренете чаша во ваше здравје.
* Сите содржини и фотографии се заштитени по закон за авторски и сродни права. Не е дозволено превземање во целост или делови без одобрение од Фрида.мк
Анаис Дизајн ДООЕЛ Скопје © 2026 Сите права се задржани. | Даночен број: 4057020553002 Developed by GSM Media