Историјата на MASSOLINO и нивното вино е испреплетена со историјата на Serralunga d’Alba, кога во 1896 година, Џовани ја основал винаријата. Џовани е првата личност што донел електрична струја во селото. Претприемнички настроен, снаодлив и креативен човек, Џовани создал традиција и инспирација за гордеење.
Правењето вино со страст во својата родна земја, зачувувањето на типичните карактеристики на автохтоните сорти грозје, длабоката и опиплива врска помеѓу винова лоза, ридовите и лозарите, е главна филозофија на ова семејство. Од 1896 година, семејството Масолино создава вино на овој начин, лојални на својата филозофија, како и на можноста за иновации во име на традицијата.
* Сите содржини и фотографии се заштитени по закон за авторски и сродни права. Не е дозволено превземање во целост или делови без одобрение од Фрида.мк
Анаис Дизајн ДООЕЛ Скопје © 2026 Сите права се задржани. | Даночен број: 4057020553002 Developed by GSM Media