Целата приказна на Бучен Козјак е започната од двајцата сопружници, Станка и Бранко Стојковски, кои уште во далечната 1983 година имаат јасна визија за тоа како треба да изгледа еден бренд кој нуди здрави производи.
Природниот вкус на Бучен Козјак доаѓа од главната состојка од која тие ги создаваат своите дела – млекото. Тоа е високо квалитетно и произведено од домашни производители.
Од почетокот на својата дејност, па досега, Бучен Козјак постојано се развива, гледа напред во иднината и ја усовршува својата работата со капитални инвестиции во сопственото производство.
Потврда на квалитетот со кој располагаат се и многубројните награди, признанија и благодарници од голем број институции и независни агенции кои вршат анализи на млечните производи на пазарот.
Сепак, најголемата потврда доаѓа токму од корисниците, кои веќе долги години уживаат во автентичниот вкус на Бучен Козјак.
* Сите содржини и фотографии се заштитени по закон за авторски и сродни права. Не е дозволено превземање во целост или делови без одобрение од Фрида.мк
Анаис Дизајн ДООЕЛ Скопје © 2026 Сите права се задржани. | Даночен број: 4057020553002 Developed by GSM Media