Молино Граси е создадена во 1934 година како преработувач на пченица во производи за пекарство. Во 60 –те години смејството Граси ја отвара првата линија на производсство во Северна Италија, за преработка на тврда пченица во семола (гриз).
Во ’90 –те години семејството Граси, помеѓу првите ја осознаваат важноста на органското земјоделство, отварајќи се кон нови пазари и стабилна соработка со интернационални брендови.Оттогаш користат само најдобри суровини за подготовка на производи со висок квалитет и хранливи вредности.
Создадени се брашна во кои се преточени традицијата и територијалните обележја.
Денес Молино Граси е водена од четвртата генерација на фамилијата. Компанијата е лидер на пазарот во иновација на производите и сортите пченица. Овој фокус ги вклучува и сите земјоделци одгледувачи на пченица, кои заедно со Молино Граси создаваат пoкраток ланец на производство, со подобра соработка.
* Сите содржини и фотографии се заштитени по закон за авторски и сродни права. Не е дозволено превземање во целост или делови без одобрение од Фрида.мк
Анаис Дизајн ДООЕЛ Скопје © 2026 Сите права се задржани. | Даночен број: 4057020553002 Developed by GSM Media