Уште од 1924 година, ЧЕТИРИ ГЕНЕРАЦИИ СТРАСТ, КВАЛИТЕТ И ТРАДИЦИЈА.
Во Лангирано, легендарно место за италијанска шунка и пршута, семејството Гуалерци произведува салама типична за гастрономската култура во Парма уште од 1924 година, како што се Прoшуто ди Парма DOP*, Саламе Фелино IGP**, Копа ди Парма IGP**, Стролгино, Панчета, Фиоко и Кулатело.
Пренесувањето на знаењето и искуството од генерација на генерација, како и постојаната посветеност на истражување и подобрување на квалитетот, доведе овој семеен бизнис да биде денес реалност што ја поврзува традиционалната изработка со технологијата на обработка. Авангарда, способна за брз одговор на предизвиците на модерната дистрибуција.
За да добие производи со одличен квалитет, семејството Гуалерци се фокусира на избор и проценка на добавувачи и пред сѐ на суровини, на постојана контрола на хемиските и бактериолошките параметри на производите што се преработуваат, како и на страста што секојдневно изнудува континуирани подобрувања и иновации.
Тимот е постојано посветен на осигурувањето дека името Гуалерци е тесно поврзано со квалитетот, автентичноста и традицијата.
* DOP (it. Denominazione di origine protetta) - ознака за заштитено потекло.
** IGP (it. Indicazione geografica protetta) - заштитена географска ознака.
* Сите содржини и фотографии се заштитени по закон за авторски и сродни права. Не е дозволено превземање во целост или делови без одобрение од Фрида.мк
Анаис Дизајн ДООЕЛ Скопје © 2026 Сите права се задржани. | Даночен број: 4057020553002 Developed by GSM Media