Ние сме најстарата активна пиварница во Италија.
Пивото Менабреа завзема значаен дел од историјата на пивото во Италија. Пиварницата е основана во 1846 год. од страна на Г-дин Велф ди Гресони и браќата Антонио и Џан Батиста Карачо.Во 1854 год. пиварницата е изнајмена од страна на Џузепе Менабреа и Антонио Зимерман, за во 1864 год. да премине во нивно сопствеништво.
Во 1991 год. компанијата станува дел од групацијата Бира Форст, пиварница од регионот Алто Адиџе, позната по квалитетот на своите производи и застапник за заштита на природата. Сепак пивото Менабреа ја задржува својата автентичност и идентитет.
На Светскиот натпревар на пиво во Чикаго во 1997 год., настан промовиран од експерти од областа, пивото Менабреа е закитено со златни и сребрени медали. Тоа претставува потврда за квалитетот на пиварницата од областа Биелезе.
Од 2005 год. пиварницата е под раководство на Франко Теди, петтиот потомок на семејството.
И промените со текот на времето не влијаат на промена на седиштето и фабриката кои се наоѓаат во историскиот дел на градот Биела.
Географската одредница на пиварницата,опкружена со Алпите, чистата планинска вода се преточени во идентитетот на пивото Менабреа.
* Сите содржини и фотографии се заштитени по закон за авторски и сродни права. Не е дозволено превземање во целост или делови без одобрение од Фрида.мк
Анаис Дизајн ДООЕЛ Скопје © 2026 Сите права се задржани. | Даночен број: 4057020553002 Developed by GSM Media