Традицијата на винарството во Македонија и Тиквешијата е вековна. Уште од времињата на Римската Империја е запишано дека во Македонија се создаваат чудесно моќни вина со мирис на југот, вкус на песната и насмевките на луѓето што живеат на овие простори.
Во создавањето на таа долга винска традиција во нашата земја, а особено во тиквешкиот регион, вклучени се безброј вредни и вешти лозари и винари од минатото и од сегашноста. Голем удел во создавањето, негувањето и промоцијата на таа традиција во земјата и ширум светот, ѝ припаѓа токму на винарската визба „Тиквеш“.
Врвните вина кои се резултат на совршениот спој на земјата, небото, сонцето, најдоброто грозје од тиквешкиот регион и најсовремената технологија и знаење на винските мајстори, гордо го претставуваат „Тиквеш“ и Тиквешкиот регион, кој уште од 1885 година е симболот на вековната винска традиција во Македонија.
* Сите содржини и фотографии се заштитени по закон за авторски и сродни права. Не е дозволено превземање во целост или делови без одобрение од Фрида.мк
Анаис Дизајн ДООЕЛ Скопје © 2026 Сите права се задржани. | Даночен број: 4057020553002 Developed by GSM Media