CRUX е огромна желба на млади луѓе инспирирани од својата цел: да го приближат здравиот начин на живот до сите генерации, преку вкусни и нутритивни производи.
Нашето патување започна со отварање на бар за здрава храна, за да продолжи кон производство на путери од јаткасти плодови.
Во моментот произведуваме путери од кикирики и лешници, кои секако се појдовната точка на она кое што крајно го имаме како визија.
Подготовката на нашите путери е без користење на додатоци, односно 100% природен производ без сол, шеќер и масла.
Станува збор за мало производство низ кое внимателно е одбрана суровината, пакуваме тегличка по тегличка во која се задржани сите хранливи материи за да добиеме производ со сите здраствени придобивки кои ги има суровината од која што се прави.
Но нашата главна состојка која ги прави CRUX путерите толку вкусни е несомнено љубовта со која го минуваме секој процес, секој ден.
* Сите содржини и фотографии се заштитени по закон за авторски и сродни права. Не е дозволено превземање во целост или делови без одобрение од Фрида.мк
Анаис Дизајн ДООЕЛ Скопје © 2026 Сите права се задржани. | Даночен број: 4057020553002 Developed by GSM Media