Зулејха Зубери Али дипломира на „Факултетот за ликовни уметности“ во Скопје, и е дел од повеќе групни и самостојни изложби во Македонија и надвор. Нејзините слоевити монохроматски слики кои се дел од изложбата „ The Provence Palette“ ги отсликуваат боите и амбиентот на куќите во Прованса, кои се растегнуваат од сиво сини врати до подови со боја на керамида и светло зелени прозорци. Повеќеслоевитоста и минималистичката повторлива текстура имаат за цел да ја покажат медитативната сила на летниот одмор и новата енергија која ја буди во нас. Зулејха посочува на важноста да си дозволиме момент на радост и време за одмор и во секојдневниот живот.
* Сите содржини и фотографии се заштитени по закон за авторски и сродни права. Не е дозволено превземање во целост или делови без одобрение од Фрида.мк
Анаис Дизајн ДООЕЛ Скопје © 2026 Сите права се задржани. | Даночен број: 4057020553002 Developed by GSM Media