Богатата чоколадна арома, нежните цветни ноти и топлите дрвенести акорди го прават парфемот CocoJas на SCENTOV софистициран и сензуален мирис што остава долготрајна и препознатлива трага. Создаден рачно од македонскиот парфумер Стефан Мицов, SCENTOV претставува независен македонски бренд посветен на уникатни мирисни композиции, внимателно развиени со префинети ароматични материјали од реномирани светски производители. Секоја композиција носи сопствен карактер, длабочина и индивидуалност, при што кожата станува последниот и единствен завршен елемент на мирисот.
Мирисни ноти: чоколадо, какао, јасмин, сандалово дрво, кашмир и мошус. 30 ml.
* Сите содржини и фотографии се заштитени по закон за авторски и сродни права. Не е дозволено превземање во целост или делови без одобрение од Фрида.мк
Анаис Дизајн ДООЕЛ Скопје © 2026 Сите права се задржани. | Даночен број: 4057020553002 Developed by GSM Media