Д-р Фаница Вељановска е физички антрополог со долгогодишно искуство во антрополошка анализа на човечки остатоци од праисториски, антички и средновековни археолошки локалитети. Нејзината работа ја поврзува археологијата со човечката биолошка историја, со фокус на реконструкција на физичкиот изглед, патолошки појави и демографски промени низ вековите. По струка антрополог, а денес во пензија, таа својата љубов кон науката ја надградува преку уметничко изразување во доменот на рециклирање и апциклирање. Изработува столни ламби, колажи од кожа, хеклани и други украсни предмети, комбинирајќи ја естетиката со одржливоста. Нејзините ракотворби биле изложувани во неколку галерии за уметнички занаети, а учествувала и на повеќе саеми на ракотворби.
* Сите содржини и фотографии се заштитени по закон за авторски и сродни права. Не е дозволено превземање во целост или делови без одобрение од Фрида.мк
Анаис Дизајн ДООЕЛ Скопје © 2026 Сите права се задржани. | Даночен број: 4057020553002 Developed by GSM Media