×

Cart

Your cart is empty.




Le Bleu Espace, акрил на платно, 100×70cm, 2023

Во кошничка имате 0 парчиња.
  • 46.500 ден.

Зулејха Зибери Али дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје и има учествувано на бројни групни и самостојни изложби во Македонија и во странство. Нејзините слоевити монохроматски слики ги одразуваат боите и амбиентот на куќите во Прованса, Франција – од крајбрежните сини врати, до Merlot боја подови и светлозелените прозорци. Минималистичката текстура и шари ја пренесуваат медитативната сила на летниот одмор и новата енергија што ја буди во нас. Зулејха сака гледачите да ја прифатат важноста на тоа да си подарат миг одмор од секојдневието. Во нејзините смирени слики на радоста од животот на село, пренесени низ палетата на Прованса, претставува начин за бегство од дневната рутина.

Слични производи

ЛЕТНИ ПОПУСТИ ВО ДОМАТО

Најголем избор на уникатно избрани модели

Промоции