Зулејха Зубери Али дипломира на „Факултетот за ликовни уметности“ во Скопје, и е дел од повеќе групни и самостојни изложби во Македонија и надвор. Нејзините слоевити монохроматски слики кои се дел од изложбата „ The Provence Palette“ ги отсликуваат боите и амбиентот на куќите во Прованса, кои се растегнуваат од сиво сини врати до подови со боја на керамида и светло зелени прозорци. Повеќеслоевитоста и минималистичката повторлива текстура имаат за цел да ја покажат медитативната сила на летниот одмор и новата енергија која ја буди во нас. Зулејха посочува на важноста да си дозволиме момент на радост и време за одмор и во секојдневниот живот.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies). Прочитај повеќе
Се согласувам* Сите содржини и фотографии се заштитени по закон за авторски и сродни права. Не е дозволено превземање во целост или делови без одобрение од Фрида.мк
Анаис Дизајн ДООЕЛ Скопје © 2025 Сите права се задржани. | Даночен број: 4057020553002 Developed by GSM Media
Зимска магија од Frida
Букети и зелени пријатели во саксија, одбрани да внесат топлина во студените зимски денови
Истражи ја понудата