Аглaoнема е декоративно лиснато растение познато по своите привлечни шарени листови и лесно одржување. Идеална е за почетници и за простории со слаба светлина, што ја прави одличен избор за канцеларии и затворени простори. Висина на растението 39cm.
Аглaонема (Aglaonema) е една од најпопуларните внатрешни растенија, позната по својата отпорност, декоративност и способност да опстане во услови со слаба светлина. Потекнува од тропските предели на Југоисточна Азија и е дел од семејството Araceae. Позната е и како „Кинеска вечна зеленика“.
Листовите на аглонемата се естетски впечатливи – разнобојни, со комбинации од зелена, сребрена, крем, розова или црвена боја, во зависност од сортата. Ова растение расте бавно, не бара многу грижа и е одлично за внатрешна декорација на простории каде нема многу природна светлина.
Клучни карактеристики:
Толерира слаба светлина и сув воздух;
Идеално за канцеларии и затворени простории;
Може да пречистува воздух;
Токсична е за миленици при голтање.
*Висината на растението е измерена од почеток на стеблото до највисоката точка на растението
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies). Прочитај повеќе
Се согласувам* Сите содржини и фотографии се заштитени по закон за авторски и сродни права. Не е дозволено превземање во целост или делови без одобрение од Фрида.мк
Анаис Дизајн ДООЕЛ Скопје © 2025 Сите права се задржани. | Даночен број: 4057020553002 Developed by GSM Media
Зимска магија од Frida
Букети и зелени пријатели во саксија, одбрани да внесат топлина во студените зимски денови
Истражи ја понудата