×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Between the Lines, 29x45cm, 2024, со паспарту

Во кошничка имате 0 парчиња.
  • 9.500 ден.

Фотографија испечатена на Hahnemühle хартија. Дело на уметник: Каја Тасевска Анемоја: Носталгија за свет што никогаш не го познавав Свет обликуван од ехото на некогашните животи, бранувајќи низ времето, предизвикува емоции за минатото што никогаш не го допрев. Анемоја ги врзува овие фотографии во наратив за копнеж за епохи кои постојат само во фрагменти: во раскажаните приказни, во текстурите на фасадите во распаѓање и во архитектурата на заборавени спомени. Трите фотосесии не носат во Скопје, моето родно место, каде што постземјотресната архитектура од 1970-тите стои како доказ за повторното раѓање на градот. Домот на aрмијата, Управата за хидрометеоролошки работи и Националната и универзитетска библиотека некогаш бликаа со живот и цел. Денес тие бледнеат во нејасност, потценети, засенети од модерните трендови. Преку мојот објектив, се обидов да ја изразам тивката болка од сведочењето за загубата на некогашниот сјај. Присуството на Инес Поповиќ и Дора Алексова дополнително ја нагласува хуманоста и топлината на овие безвременски структури. Четвртата серија, реализирана во Амстердам на Vrije Universiteit, ги спојува моите два дома. Зградата на WN, која наскоро ќе биде урната, чува спомени од моите рани универзитетски денови, пресликувајќи ја минливата природа на иконите на Скопје. Во оваа серија, jа свртев камерата кон себе - размислување за идентитетот, миграцијата и тивкиот копнеж за постојаност во минливо време светот. Анемоја е проект за визуелно истражување и медитација за човечката потреба да се поврзе со нешто поголемо од самите нас. Да го почитуваме она што било пред нас. Да се населиме за момент во рамката на историјата. Додека шетате низ овие фотографии, се надевам дека и вие ќе ја почувствувате привлечноста на минатото - во свет познат и туѓ, за да го почувствувате ехото на една ера сè уште жива во просторите што избираме да ги зачувам

Слични производи

Frida Special

Зимска магија од Frida

Букети и зелени пријатели во саксија, одбрани да внесат топлина во студените зимски денови

Истражи ја понудата