Цената на претплатата се однесува на 4 последователни цветни аранжмани, со достава еднаш неделно. При нарачката, во полето „Забелешка“ наведете од кој датум сакате да започне вашата претплата и кој ден од неделата ви одговара за достава. Доколку сакате достава еднаш месечно, со една цветна композиција секој месец, оваа претплата важи за период од 4 месеци, односно за вкупно 4 месечни достави. Во „Забелешка“ наведете дека ја избирате месечната достава, како и посакуваниот датум за започнување. По реализирањето на 4-те достави, претплатата автоматски завршува и не се продолжува.
Секој аранжман се изработува сезонски, со свежо цвеќе и внимателно одбрани комбинации од тимот на Frida. Фотографијата е илустративна, бидејќи секој букет е уникатен и се прилагодува на сезонската понуда.
Доколку имате омилени цветови, бои или одредени желби, слободно наведете ги во „Забелешка“ при нарачката. Ќе се потрудиме да ги вклучиме во вашиот аранжман, кога тоа го дозволува сезонската достапност.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies). Прочитај повеќе
Се согласувам* Сите содржини и фотографии се заштитени по закон за авторски и сродни права. Не е дозволено превземање во целост или делови без одобрение од Фрида.мк
Анаис Дизајн ДООЕЛ Скопје © 2026 Сите права се задржани. | Даночен број: 4057020553002 Developed by GSM Media