×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




А што ако свежото цвеќе стане дел од твоето секојдневие?
Blog Објавено на: 16.10.2026

А што ако свежото цвеќе стане дел од твоето секојдневие?

Има нешто посебно во моментот кога во просторот ќе внесеме свежо цвеќе. Одеднаш, омиленото катче изгледа поубаво, масата добива нова енергија, а целиот дом некако станува потопол. А замисли таа мала радост да те пречекува секоја недела или секој месец, без да треба одново да размислуваш за изборот на цвеќе. Токму затоа ја создадовме услугата „Цвеќе со претплата“. За свежото цвеќе да не биде резервирано само за посебни прилики, туку да стане дел од твоето секојдневие.

Нов цветен аранжман, ново расположение

Со нашата услуга, можеш да избереш неделна или месечна претплата, а ние ќе се погрижиме твојот простор редовно да добива нов цветен аранжман. Ќе избираме цветови, бои и комбинации инспирирани од сезоната, внимателно усогласени со твојот простор и стил. Секој аранжман ќе носи нешто различно, понекогаш нежно и суптилно, понекогаш впечатливо и разиграно, но секогаш со внимание посветено на деталите. Бидејќи веруваме дека цвеќето не треба само да го украсува просторот. Треба да се вклопи во него, да ја надополни неговата атмосфера и да го направи местото во кое поминуваш време уште попријатно.

За твојот дом, твојата канцеларија или твојот деловен простор

Можеби сакаш секогаш да имаш свеж букет на трпезариската маса. Можеби сакаш твојата канцеларија да изгледа попријатно или клиентите да ги пречекуваш во простор во кој секој детаљ е внимателно избран. Без разлика на тоа каде сакаш да внесеш малку повеќе цветна убавина, ќе ни биде задоволство да ја создадеме за тебе. А најубавиот дел? Не мора секојпат да избираш нов букет. Ние ќе се погрижиме цветната приказна во твојотпростор да продолжи, со нови аранжмани што ги следат сезоната и твоите желби.

Да создадеме нешто што е навистина твое

Секој простор е различен, исто како и луѓето што го исполнуваат. Затоа сакаме да дознаеме што ти се допаѓа, кои бои ги сакаш и каква атмосфера сакаш да создадеш. Доколку веќе имаш замисла или сакаш да разговараме за можностите, пиши ни преку контакт формата. Сподели ги твоите желби со нас, а ние ќе ти помогнеме да го пронајдеме цветното решение што најмногу ти одговара. 


Затоа што не мора да чекаме посебна прилика за да имаме цвеќе. Понекогаш, самото секојдневие е доволна причина.

Со љубов, Frida

Искористи 10% попуст на твојата прва нарачка на FRIDA букети

Код за Попуст: WELCOME10