29 февруари, 2016 година е еден од најважните денови за оваа фарма, тоа е денот кога е направена нивната прва достава на млеко. Целата приказна започнува со едно „невино“ отворање на фејсбук-страница, преку која сакаат да го почувствуваат пулсот на заедницата и што таа мисли за оваа идеја. По сите позитивни реакции кои ги добиваат, тие се решаваат на еден посериозен чекор – основање на компанијата. Инаку инспирацијата за „Млеко од нашата фарма“ датира уште од младоста на сопствениците, пред триесеттина години, кога во нашата земја секој можеше да добие свежо измолзено млеко пред својот дом. Токму ова е и идејата на „Млеко од нашата фарма“, да создаваат природни и здрави производи, кои ќе бидат достапни за сите потрошувачи. Едноставно да се вратиме во времето кога сѐ што јадевме и пиевме беше здраво и без додатоци или како тие што милуваат да кажат „единствената главна состојка во нашите производи е нашето вистинско млеко“.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies). Прочитај повеќе
Се согласувам* Сите содржини и фотографии се заштитени по закон за авторски и сродни права. Не е дозволено превземање во целост или делови без одобрение од Фрида.мк
Анаис Дизајн ДООЕЛ Скопје © 2026 Сите права се задржани. | Даночен број: 4057020553002 Developed by GSM Media