Од 1923 година Rigoni di Asiago се занимава со производствена и трговска дејност во областа на индустријата за храна, каде нуди производи од органско потекло.
Компанијата започнува со традиционално производство на мед, за низ годините успешно да го рашири своето портфолио со џемовите Fioridifruta, природен шеќер Dolced и лешников крем со какао Nocciolata. Сите тие се производи со врвен квалитет кои се едни од најпродаваните во Италија.
Веќе 15 години компанијата сама го управува целиот процес, од одгледување на суровини до пакување на финалниот продукт.
Rigoni di Asiago е во постојана потрага по совршенство во производството на своите продукти. Тие коистат сопствени лаборатории каде што се испитува квалитетот на органските суровини во сите стадиуми на производството, притоа користејќи врвна иновативна и модерна технологија. Високо обучен и специјализиран кадар врши постојано тестирање на суровините пред отпочнување на производството, како и при добивање на финалниот производ. Надворешни незвисни лаборатории вршат повеќе од 100 анализи годишно.
Се користат суровини и овошје кои се одгледуваат на органски фарми. Високо поставените ригорозни стандарди гарантираат висок квалитет на производите. Така Rigoni di Asiago ја гарантира и автентичноста на самата марка, нудејќи вкусни производи исклучиво од органско потекло.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies). Прочитај повеќе
Се согласувам* Сите содржини и фотографии се заштитени по закон за авторски и сродни права. Не е дозволено превземање во целост или делови без одобрение од Фрида.мк
Анаис Дизајн ДООЕЛ Скопје © 2026 Сите права се задржани. | Даночен број: 4057020553002 Developed by GSM Media