Традиција и иновација, страст и квалитет, ова се вредностите што се пренесуваат од генерација на генерација во семејството Пировано. Консолидирана деловна култура што ѝ овозможува на компанијата, останувајќи верна на вредностите што секогаш ја разликувале од останатите, да ги промовира и истражува иновациите, со цел континуирано подобрување на производството, барајќи совршенство во секоја фаза од процесот. Тоа го прави преку употреба и експериментирање на иновативна и модерна опрема во флаширањето, во визба и во лабораторија. Иновативноста, сепак, е резултат на обука и истражување, постојано промовирано и поддржувано од семејството Пировано и од раководството на компанијата.
Некаде околу 1850 година, Амадио Пировано кој во моментот бил чевлар, но имал огромна страст за вината, одлучил на да направи голема промена во својот живот, па го оставил занаетот кој до тој момент го владеел и започнал нов – отворил една мала таверна во јужна Италија, во регионот Пулија. Со текот на времето, таверната прераснала во кафеана, а се проширил и изборот на вина кои се служеле. Целиот овој развој довел до започнување на производство на вино во 1910 година, за еден век подоцна да станат интернационално позната винарија.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies). Прочитај повеќе
Се согласувам* Сите содржини и фотографии се заштитени по закон за авторски и сродни права. Не е дозволено превземање во целост или делови без одобрение од Фрида.мк
Анаис Дизајн ДООЕЛ Скопје © 2026 Сите права се задржани. | Даночен број: 4057020553002 Developed by GSM Media