DONNAFUGATA е винарија која му нуди на светот вина препознатливи по својата пријатност и комплексност, вина кои се способни да измамат насмевка на лицата на сите кои ги консумираат. Веќе 160 години, оваа винарија се стреми да ја прикаже одличноста на „Made in Italy“, која претставува комбинација на уметност, вино и континуитет. Овие иновативни сицилијански вина се произведени целосно почитувајќи ја животната средина.
Името DONNAFUGATA се однесува на романот на Томази ди Лампедуза со наслов “Гатопардо“ – име кое означува „жена која бега“ и се однесува на приказната за една кралица која нашла спас во еден дел во Сицилија, каде што денес се наоѓаат виновите лози на компанијата. Авантура која е инспирација за логото на самата компанија: слика од жена со разлетана коса.
DONNAFUGATA постои 160 години и за тој период успеала да се распространи на 410 хектари. Брои 110 вработени и произведува 20 врсти вино кои ги дистрибуира во 60 различни земји низ светот.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies). Прочитај повеќе
Се согласувам* Сите содржини и фотографии се заштитени по закон за авторски и сродни права. Не е дозволено превземање во целост или делови без одобрение од Фрида.мк
Анаис Дизајн ДООЕЛ Скопје © 2026 Сите права се задржани. | Даночен број: 4057020553002 Developed by GSM Media