Ние сме најстарата активна пиварница во Италија.
Пивото Менабреа зазема значаен дел од историјата на пивото во Италија. Пиварницата е основана во 1846 година од страна на г-дин Велф ди Гресони и браќата Антонио и Џан Батиста Карачо. Во 1854 година пиварницата е изнајмена од страна на Џузепе Менабреа и Антонио Зимерман, за во 1864 година да премине во нивно сопствеништво.
Во 1991 година компанијата станува дел од групацијата Бира Форст, пиварница од регионот Алто Адиџе, позната по квалитетот на своите производи и застапник за заштита на природата. Сепак, пивото Менабреа ја задржува својата автентичност и идентитет.
На Светскиот натпревар на пиво во Чикаго во 1997 година, настан промовиран од експерти од областа, пивото Менабреа е закитено со златни и со сребрени медали. Тоа претставува потврда за квалитетот на пиварницата од областа Биелезе.
Од 2005 година пиварницата е под раководство на Франко Теди, петтиот потомок на семејството.
И промените со текот на времето не влијаат на промена на седиштето и фабриката кои се наоѓаат во историскиот дел на градот Биела.
Географската одредница на пиварницата, опкружена со Алпите, чистата планинска вода се преточени во идентитетот на пивото Менабреа.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies). Прочитај повеќе
Се согласувам* Сите содржини и фотографии се заштитени по закон за авторски и сродни права. Не е дозволено превземање во целост или делови без одобрение од Фрида.мк
Анаис Дизајн ДООЕЛ Скопје © 2026 Сите права се задржани. | Даночен број: 4057020553002 Developed by GSM Media