Пршутеријата PICARON е роденa во 1990 година со специфична цел за производство на висококвалитетни сурови пршути.
Со текот на годините, г-дин Баси посветил време и внимание на изборот на луѓе, места и структури способни да го реализираат овој стремеж.
Денес компанијата PICARON е реалност која работи со две фабрики за пршута во Сан Даниеле дел Фриули и со уште две други фабрики во Парма.
На национално ниво, Prosciuttifici Picaron S.n.c. се дел од малата група на компании овластени да извезуваат зреена пршута од Сан Даниеле на пазарите во САД, Јапонија, Австралија и во Кина.
За да се постигне ова, компанијата морала да помине строги контроли од страна на здравствениот орган и да користи ефикасен систем за самоконтрола на здравјето (HACCP – Hazard Analysis and Critical Control Point).
Во последниве години, параметрите за квалитет биле меѓу најдобрите регистрирани во производствените области на DOP* од Сан Даниеле и од Парма.
* it. Denominazione di origine protetta – ознака за заштитено потекло.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies). Прочитај повеќе
Се согласувам* Сите содржини и фотографии се заштитени по закон за авторски и сродни права. Не е дозволено превземање во целост или делови без одобрение од Фрида.мк
Анаис Дизајн ДООЕЛ Скопје © 2026 Сите права се задржани. | Даночен број: 4057020553002 Developed by GSM Media