Laboratorios BABE нуди дермокозметички решенија за одржување на здравјето на кожата на бебињата, децата и возрасните. Формулите во производите се дерматолошки тестирани, високо толерантни за кожата и со висок фармацевтски квалитет. BABE нуди дермокозметички третмани за секој тип на кожа, дури и за оние со атопична кожа, кожа склона кон акни, розацеа, сува или високо сензитвна кожа.
Компанијата Laboratorios BABE е основана во 1994 година во Валенсија, Шпанија и од самиот почеток приоритетна мисија е грижата за здрава кожа. BABE има најсовремена технолошка база, што и овозможува на компанијата да понуди дермокозметика создадена преку современи иновативни технологии.
BABE портфолиото се состои од повеќе линии:
Ø Линија за тело (стандардна/сензитивна и атопична кожа)
Ø Линија за лице (стандардна/линија за масна кожа,кожа склона на акни/ HealthyAging + линија/раствори во ампули).
Ø Линија за коса (стандардна/против опаѓање)
Ø Линија за заштита од сонце (резистентна на вода, збогатена со активни состојки кои ја смируваат кожата и поседуваат висок антиоксидативен капацитет, со UVA и UVB; најсовремена Wet-Skin технологија)
Ø Педијатриска линија
Производите на брендот BABE се карактеризираат по:
- Присуство на масла исклучиво од растително потекло
- Синдетски хигиенски производи
- Висока толерантност на кожата
- Адаптирана рН
- Дерматолошки тестирани прозиводи
· Педијатриската линија е дерматолошки и педијатриски тестирана, како и тестирана на атопична кожа.
· Линијата за лице е не-комедогена, не-фотосензитивна и покрај дерматолошки е и офталмолошки тестирана.
· Во линијата HealthyAging + има производи кои во својот состав содржат енкапсулиран ретинол и бакучол (аналог на ретинолот).
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies). Прочитај повеќе
Се согласувам* Сите содржини и фотографии се заштитени по закон за авторски и сродни права. Не е дозволено превземање во целост или делови без одобрение од Фрида.мк
Анаис Дизајн ДООЕЛ Скопје © 2026 Сите права се задржани. | Даночен број: 4057020553002 Developed by GSM Media