Желбата да ја продолжи традицијата од својот дедо и татко кои правеле вино за свои потреби, Орданчо Иванов ја започнува својата авантура пред 20 години во светот на винарството. Благодарение на големиот интерес за оваа култура и традиција, тој винарството го унапредил и поставил на високо ниво.
Орданчо располага со сопствени лозја кои се наоѓаат во атарот на селото Сопот, во околината на Кавадарци. Лозјата се засадени со белите сорти Темјаника, Смедеревка и Малвазија. Станушината и Вранецот ги купува од лозари кои го одгледуваат грозјето по желба и вкус на винаријата Иванов.
Следејќи ги светските трендови, како и зголемените трошоци на вештачките ѓубрива, но најмногу заради грижата и заштитата на околината, тој има во план да започне со органско производство, а истото во иднина да го унапреди и во биодинамично производство.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies). Прочитај повеќе
Се согласувам* Сите содржини и фотографии се заштитени по закон за авторски и сродни права. Не е дозволено превземање во целост или делови без одобрение од Фрида.мк
Анаис Дизајн ДООЕЛ Скопје © 2026 Сите права се задржани. | Даночен број: 4057020553002 Developed by GSM Media