×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Indoor Garden

Indoor Garden е компанија која креира одржливи садови за растенија и декоративни градини за ентериер инспирирани од уметноста на флората. Светскиот проблем со загадувањето и потребата за делување во корелација со животната средина, забрзаниот стил на живот, фактот дека луѓето голем дел од времето поминуваат во затворен простор и потребата за внесување на дел од природата во ентериерот се главните движечки фактори за формирање на Indoor Garden. Одржливите садови за растенија и декоративните градини за ентериер на Indoor Garden како уникатна зелена уметност го негуваат концептот на одржливост, преку употреба на природни ресурси во процесот на производство на садовите и примена на циркуларна економија. Зад Indoor Garden се наоѓа тим од ентузијасти, чија цел е да ја внесат оваа зелена уметност во животот на луѓето. Флората, сама по себе, со нејзината природна убавина го истакнува карактерот на секој ентериер, а малите градини како украсен елемент во дизајнот на ентериерот, денес доживуваат вистинска ренесанса. Тие можат во целост да го променат ентериерот претворајќи го во инспирирачки и енергичен простор. Помагаат во изразување на стилот и карактерот на сопствениците, а истовремено овозможуваат доближување на природата и најдоброто од неа поблиску до нас. Освен, естетско уживање и разубавување на просторот, малите градини овозможуваат да се уживаат придобивките од растенијата преку ефикасното филтрирање на воздухот, а истовремено помагаат во опуштање и фокусирање, што доведува до зголемена продуктивност, креативност, генерирање на идеи и подобрување на квалитетот на животот. Одржливите садови за растенија се уникатни, рачно изработени садови од природни материјали и бетон. Садовите од Еко колекцијата се изработуваат со употреба на отпадот како ресурс со што се придонесува кон заштита на животната средина и рециклирање пластика.

Weekly Special

-20% Букет со Рози