Како универзитетски професор, нејзиниот секојдневен живот изобилувал со истражувања и академски активности. Но, слободните моменти, а особено последниве три години нејзините пензионерски денови и се исполнети со уметност на пресување цвеќиња, каде трпението од науката се среќава со убавината на природата. При нејзините многубројни патувања низ годините и прошетките низ природата, со љубов собирала цветови, лисја, тревки... Нејзината желба е да им подари нов, траен живот на овие природни убавини, овозможувајќи им со години да го разубават и да внесат спокој во вашиот дом и простор. Секоја композиција е уникатна рачна изработка, создадена во различни димензии на внимателно избрани подлоги од хамер и со рамки кои ја истакнуваат елеганцијата на природата. Во сликите се испреплетуваат цветови носени од Малта, Анталија, Јадран, Америка, но и чистата природа на македонските планини и ливади, Охрид, Водно и спокојот на скопскиот парк. Автор: Проф. д-р Лидија Крстевска (Lide_FlowerArt)
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies). Прочитај повеќе
Се согласувам* Сите содржини и фотографии се заштитени по закон за авторски и сродни права. Не е дозволено превземање во целост или делови без одобрение од Фрида.мк
Анаис Дизајн ДООЕЛ Скопје © 2026 Сите права се задржани. | Даночен број: 4057020553002 Developed by GSM Media