Цимбидиум е величествена орхидеја со долготрајни, ароматични цветови и елегантен изглед. Познат е по својата отпорност и обилно цветање во зима, што го прави совршен избор за ентериери или подароци во студените месеци. Висина на растението: 95 см.
Цимбидиум (Cymbidium) е орхидеjа која потекнува од Хималаите, Кина, Јапонија и Австралија, и е особено ценета поради своето зимско цветање и отпорност на пониски температури. За разлика од другите орхидеи, Цимбидиумот може да цвета дури и во посвежи услови, што го прави идеален за европски и балкански домови.
Цветовите се големи, симетрични и најчесто се појавуваат во долги гроздови. Може да бидат во нијанси на розова, бела, жолта, зелена и црвена боја. Листовите се долги, тесни и светлозелени, давајќи му декоративна вредност и надвор од сезоната на цветање.
Клучни карактеристики:
Цвета зимно време – идеален за декорација во студениот период;
Цветовите траат долго и се достапни во различни бои;
Потребна му е умерена светлина и поладна ноќна температура за да процвета;
Може да се одгледува и внатре и надвор (во полусенка);
Симболизира почит, просперитет и успех.
*Висината на растението е измерена од најниската до највисоката точка.
*Саксијата на фотографијата служи за декоративни цели.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies). Прочитај повеќе
Се согласувам* Сите содржини и фотографии се заштитени по закон за авторски и сродни права. Не е дозволено превземање во целост или делови без одобрение од Фрида.мк
Анаис Дизајн ДООЕЛ Скопје © 2026 Сите права се задржани. | Даночен број: 4057020553002 Developed by GSM Media