Бегонија Рекс е декоративно листопадно растение со впечатливи, шарени лисја кои внесуваат боја и текстура во секој внатрешен простор – идеална за љубителите на необични растенија. Висина на растението 13cm.
Бегонија Рекс (Begonia Rex) е позната по своите извонредно убави и колоритни лисја, кои варираат во нијанси од сребрена, зелена, виолетова, до темноцрвена. Со своите уникатни шари и бархатна текстура, ова растение често се одгледува како декоративен елемент токму поради лисјата, а не поради цветови.
Идеална е за внатрешни простори каде што има индиректна светлина, бидејќи директното сонце може да ги изгори листовите. Бегонијата сака влажна атмосфера, но не и преполевање – потребно е рамномерно навлажнување на почвата и добра дренажа. Таа е осетлива на студ и провев, па затоа треба да се држи во постојано топол простор.
Клучни карактеристики:
Исклучително декоративни лисја со разновидни шари и бои;
Идеална за внатрешни простори со индиректна светлина;
Лесна за одржување при соодветна грижа;
Совршен избор за љубители на необични и декоративни растенија.
*Висината на растението е измерена од почеток на стеблото до највисоката точка на растението
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies). Прочитај повеќе
Се согласувам* Сите содржини и фотографии се заштитени по закон за авторски и сродни права. Не е дозволено превземање во целост или делови без одобрение од Фрида.мк
Анаис Дизајн ДООЕЛ Скопје © 2025 Сите права се задржани. | Даночен број: 4057020553002 Developed by GSM Media
Зимска магија од Frida
Букети и зелени пријатели во саксија, одбрани да внесат топлина во студените зимски денови
Истражи ја понудата