×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Аглаонема

Во кошничка имате 0 парчиња.
  • 2.100 ден.

Аглaонема е декоративно лиснато растение познато по своите привлечни шарени листови и лесно одржување. Идеална е за почетници и за простории со слаба светлина, што ја прави одличен избор за канцеларии и затворени простори. Висина на растението 66 см.

Аглaонема (Aglaonema) е една од најпопуларните внатрешни растенија, позната по својата отпорност, декоративност и способност да опстане во услови со слаба светлина. Потекнува од тропските предели на Југоисточна Азија и е дел од семејството Araceae. Позната е и како „Кинеска вечна зеленика“.

Листовите на аглонемата се естетски впечатливи – разнобојни, со комбинации од зелена, сребрена, крем, розова или црвена боја, во зависност од сортата. Ова растение расте бавно, не бара многу грижа и е одлично за внатрешна декорација на простории каде нема многу природна светлина.

Клучни карактеристики:

  • Толерира слаба светлина и сув воздух;

  • Идеално за канцеларии и затворени простории;

  • Може да пречистува воздух;

  • Токсична е за миленици при голтање.

*Висината на растението е измерена од највисоката до најниската точка.

Слични производи

06-19 јули

Искористи 10% попуст на твојата прва нарачка на FRIDA букет

Код за Попуст: WELCOME10