×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Скимиа

Во кошничка имате 0 парчиња.
  • 750 ден.

Скимијата е компактно зимзелено растение со сјајни темнозелени листови и декоративни пупки кои ја прават привлечна во текот на целата година. Одлична е за внатрешни и надворешни простори со светлина што не е директна.

Скимија (Skimmia japonica) има густа структура и мали мирисни цветови што се појавуваат напролет. Во зима растението развива црвени или розени пупки кои изгледаат украсно и без дополнителна декорација. Во зависност од сортата може да има помали или поголеми соцветија со различни нијанси.

Ова растение сака полусенка и влажен но не преплавен супстрат. Се полева кога горниот слој на земјата ќе се исуши. Добро поднесува ниски температури но не сака висока топлина и директно сонце. Скимијата е идеална за влезови тераси или како елегантно растение во дневен простор.

Со својот густ, декоративен изглед и живописни пупки уште во зима таа е популарен избор за празнична декорација и природен акцент во современи ентериери.

Клучни карактеристики

• Зимзелено растение со густа структура и украсни пупки
• Преферира полусенка и рамномерно влажна земја
• Отпорно на студ и одлично за внатрешни и надворешни услови
• Идеално за празничен и модерен изглед на просторот

Слични производи

Frida Special

Зимска магија од Frida

Букети и зелени пријатели во саксија, одбрани да внесат топлина во студените зимски денови

Истражи ја понудата